Манев предложил да ја пуштат Вања: „Носиме маски, нема да не познае“ – шокантни детали од завршните зборови на одбраната!
Манев предложил да ја пуштат Вања: „Носиме маски, нема да не познае“ – шокантни детали од завршните зборови на одбраната!
На денешното судско рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, беа изнесени шокантни детали од страна на адвокатот на обвинетиот Велибор Манев, Горан Бошевски, кој ги презентираше завршните зборови на одбраната.
Бошевски посочи дека Манев делувал по инструкции од првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо, и дека заедно со Боре Видевски ја имале ископано земуницата каде подоцна било пронајдено телото на убиениот Жежовски. Манев бил тој кој ја посочил локацијата на полицијата.
фото:миа.мк
Во текот на киднапирањето, според одбраната, Палевски преку „моторола“ им дал наредба да влезат, по што Маневски прв влегол и го турнал Панче Жежовски. Палевски му го зел телефонот на Панче и подоцна го фрлил во дол. Двете возила се упатиле кон земуницата, каде што Панче бил изнесен и спуштен на земја. Во тој момент, Манев го видел Палевски како пука во него. Кога го прашал зошто го направил тоа, Палевски му одговорил: „Да не расипуваме сега пријателство.“
Во врска со грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, адвокатот откри дека кога ја извадиле лентата од очите ѝ и сфатиле дека станува збор за девојче, а не за возрасна жена. Манев предложил да ја пуштат:
„Носиме маски, нема да не познае, да ја пуштиме.“
Сепак, Палевски го зел пиштолот и ја застрелал девојчето. Потоа се вратил до возилото, зел копач и лопата и им наредил на останатите да копаат дупка за нејзиното тело.
Овие наводи, изнесени во завршните зборови на одбраната, фрлаат дополнителна светлина врз бруталноста на двојното убиство кое ја потресе македонската јавност. Судскиот процес продолжува.
Бонус видео:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!