ТАЈНИТЕ НА МАРКОВИ КУЛИ: ОТКРИЕНИ ДРЕВНИ ГРОБНИЦИ ПОД ЗАКАНА ОД ДИВОГРАДБИ!
ТАЈНИТЕ НА МАРКОВИ КУЛИ: ОТКРИЕНИ ДРЕВНИ ГРОБНИЦИ ПОД ЗАКАНА ОД ДИВОГРАДБИ!
Во рамки на овогодинешните археолошки истражувања на локалитетот Крклари, што се наоѓа во поширокото заштитено подрачје на Маркови Кули кај Прилеп, беа пронајдени пет камени гробници од таканаречениот македонски тип, кои потекнуваат од 1 и 2 век пред нашата ера. Овие гробници се внимателно врежани во карпа и се составени од дромос (влезен ходник), преткомора и главна комора, каде се чувале кремираните остатоци на покојниците.
Фото/ Принтскрин/Сител.мк
Конзерваторот и археолог Владимир Крстески од НУ Завод и Музеј – Прилеп истакнува дека откривањето на овие гробници носи важни сознанија за погребните обичаи и социјалната хиерархија во времето на последните македонски кралеви, Филип В и Персеј. Истражувањата укажуваат дека станува збор за погребувања на лица од висок општествен и политички ранг. Планирано е натамошно истражување, заштита и конзервација на локацијата, со што би се отворила можност таа да прерасне во туристичка атракција, достапна за пошироката јавност.
ТАЈНИТЕ НА МАРКОВИ КУЛИ!
До денес во прилепскиот регион се откриени вкупно 27 вакви гробници – што го прави овој крај најбогат со ваков тип археолошки објекти во цела Македонија. Тие се поврзуваат со античките градови Керамија, кој се наоѓал во близина на ридот Маркови Кули, и Колобаиса, локализиран кај денешниот манастир Трескавец.
Фото/ Принтскрин/Сител.мк
Според Крстески, се очекува во наредните години да се откријат уште повеќе вакви гробници. Постојат силни индиции за постоење на нови некрополи во околината, особено околу античките населби. Највисоката концентрација на вакви гробници се наоѓа токму кај Горно Село. Тоа е силен индикатор за развиена урбана и политичка структура во тој период.
САРА МЕЈС ФАТЕНА „НА ДЕЛО“ – КОЈ Е МИСТЕРИОЗНИОТ МАЖ ВО ПОЗАДИНА? (ФОТО)
Сепак, сериозен проблем претставуваат неконтролираните дивоградби што се појавуваат во заштитеното подрачје на Маркови Кули. Таму, без дозволи, никнуваат цели населби, при што реално постои опасност под тие објекти да се кријат уште поважни археолошки откритија. Можеби дури и повредни од досега пронајдените гробници. Прашањето сега е – дали државата ќе ги заштити овие драгоцени остатоци од историјата и ќе ги претвори во културно и туристичко богатство. Или ќе дозволи тие да се претворат во депонии под урбан хаос?
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л./Извор: Сител.мк