ЛИКВИДИРАН ШЕФОТ НА РАЗУЗНАВАЧКАТА СЛУЖБА НА РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА ГАРДА НА ИРАН!
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја потврди ликвидацијата на шефот на разузнавачката служба на Револуционерната гарда на Иран, Мохамед Каземи, како и на неговиот заменик, генералот Хасан Мохакик, пренесува „Тајмс оф Израел“.

– Малку пред интервјуто можам да ви потврдам дека го ликвидиравме нивниот шеф на разузнавачката служба и неговиот заменик, во самиот Техеран – изјави Нетанјаху за водителот Брет Баер на „Фокс њуз“.
– Решени сме да ја довршиме мисијата – нагласи тој во своето обраќање до нацијата.
ПОСЛЕ 15 ГОДИНИ, МИРОСЛАВ ИЛИЌ СЕ ВРАЌА ВО АРЕНА ЗАГРЕБ!
„Нема ден да не ме повика некој од Хрватска на настап“, открива пејачот.
На големата сцена во загрепската арена, нему ќе му се придружи голем оркестар, како и неколку познати гости, чии имиња ќе се чуваат во тајност до последниот момент. Сè е подготвено ова долгоочекувано музичко случување да биде вистински спектакл.
Со овој концерт, Мирослав Илиќ ќе го одбележи јубилејот од над 50 години успешна кариера, слично како што неодамна направи и во Белград.
– Тоа ќе биде вечер полна со сеќавања, бидејќи веќе три генерации пораснаа со моите песни. Јас сум еден од ретките изведувачи на чии концерти доаѓаат и деца, и родители, и баби и дедовци. Сите сакаат да запеат и да наздрават. А кога ќе ја видам таа публика пред мене, тоа ми дава сила да полетам. Публиката ме подмладува, и без разлика колку години имам, ќе пеам и во длабока старост. Додека гласот ме држи и додека не ме изнесат од сцената – истакна познатиот пејач.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.MK!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @hypetv.mk!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE KANALOT – HYPE MK ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.
