„ЗНАЕМЕ КОЈ СО ШТО СЕ ЗАНИМАВА“ – Рада Манојловиќ ги разоткри колешките: „Зошто го валкаат она што е чисто“
„ЗНАЕМЕ КОЈ СО ШТО СЕ ЗАНИМАВА“ – Рада Манојловиќ ги разоткри колешките: „Зошто го валкаат она што е чисто“
Рада Манојловиќ ги разоткри колешките
Пејачката е долго време на естрадата и на своја кожа ги почувствувала сите предности и маани од оваа професија.
Рада Манојловиќ не крие дека ја боли неправдата, иако на многу нешта се има навикнато.
„Жал ми е што од добро селско дете и чесна фамилија се прави некоја обер к…“, вели Рада.
„Исто така, многу добро знаеме кој на естрадата со што се занимава, надвор од пеењето. Ми е криво како секогаш се фаќаат за мене за да ме плукаат. Зошто сакаат да го извалкаат она што останало чисто“, додаде таа.
Рада Манојловиќ ги разоткри колешките
Свесна е на што се подготвени денешните јавни личности за промоција, но никогаш не им давала повод на медиумите за тој вид муабети.
„На естрадата има сè и сешто. Има многу такви на кои таков маркетинг би им дошол добро. Веќе 20 години сум присутна на естрадата, никогаш не сте ме виделе пијана, да ме изнесуваат од локал… Ниту една лоша приказна“, изјавила пејачката претходно.
ЈА ИЗНЕРВИРАЛЕ СОСЕДИТЕ
Фолкерката ја опишала ситуацијата од нејзиното маало. Некои соседи од Четереж, изгледа, ѝ се трн во око.
„Проблемот е и тоа што девојките што се облекуваат провокативно (во кои спаѓам и јас, отсекогаш), се сметаат за девојки со понизок морал. И не нарекуваат со погрдни имиња, па ете понекогаш мора да ми прелее во фаза ‘до кога повеќе за моите миничиња, додека овие некои наречени госпоѓи закопчани до грло прават што прават’. Повторно потенцирам, тоа се поединечни случаи, нема причина некој да се пронајде во моите зборови ако не припаѓа таму и ако не ме навредува. Значи уште еднаш – се однесува само на тие што ме навредуваат, а прават што прават“, изрична е Рада.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!