СОПРУГАТА НА АНДРЕЈ ОД „ДНК“ ЈА КРЕНА ЈАВНОСТА: „ЌЕ БАРАМЕ ПРАВДА – И ЌЕ НЕ’ ИМА СÈ ПОВЕЌЕ!“
СОПРУГАТА НА АНДРЕЈ ОД „ДНК“ ЈА КРЕНА ЈАВНОСТА: „ЌЕ БАРАМЕ ПРАВДА – И ЌЕ НЕ’ ИМА СÈ ПОВЕЌЕ!“
По трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, меѓу кои и Андреј Ѓорѓиески, член на познатото македонско дуо „ДНК“, јавноста не престанува да бара одговорност и правда. Во таа насока, неговата сопруга Наталија Ѓорѓиеска, скршена од болка, но полна со решителност, јавно се огласи преку својот Фаcебоок профил.
Фото: Принтсcреен/Инстаграм/наталиjа.гjоргиеска
Во статусот објавен на 7 јуни, Наталија го изразува разочарувањето од институциите и испраќа јасна порака:
„Бараме неселективна правда. Без калкулации, без привилегирани и без заборавени. Ако не ја добиеме – ќе зборуваме погласно. И ќе не’ има сè повеќе.
Ако институциите не покажат дека можат и сакаат да ја спроведат правдата подеднакво за сите – тогаш дури ќе бараме одговорност. И оставки.“
Овој апел дојде откако гневот на родителите и блиските на загинатите во несреќата драматично расте. На протестот во Кочани, се бараше оставка од претседателката Гордана Силјановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Еден од родителите симболично остави 2.000 денари на улица и запали свеќи за жртвите.
Несреќата се случи на крајно трагичен начин, кога во дискотекта Пулс во Кочани избувна пожар. Животот го загубија 62 лица, од кои над 200 беа повредени. Овој настан ја потресе цела Македонија, а повиците за одговорност и правда сè повеќе добиваат на сила.
Наталија, со нејзините зборови, стана симбол на борбата на сите семејства кои останаа без своите најмили, но не и без глас.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.