СОПСТВЕНИКОТ НА „РУБИКОН“ ВО ПРИТВОР – ОБЕЗБЕДУВАЛ БЕЗ ДОГОВОР?!
СОПСТВЕНИКОТ НА „РУБИКОН“ ВО ПРИТВОР – ОБЕЗБЕДУВАЛ БЕЗ ДОГОВОР?!
Александар Нацев во притвор поради трагедијата во „Пулс“
Сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев, доби мерка притвор во траење од 30 дена, откако Судот во Кочани ја прифати иницијативата на Јавното обвинителство. Причината – агенцијата обезбедувала настан во дискотеката „Пулс“ без правно регулиран договор, во ноќта кога се случи трагедијата во која животот го загубија 62 лица.
Обвинение за тешко кривично дело
Нацев е осомничен за „тешки дела против општата сигурност“, кривично дело според член 292 од Кривичниот законик, во врска со член 288. Судот ја образложи одлуката со постоење на реален ризик тој да побегне, да влијае врз сведоци или да уништи докази.
Иако неговата одбрана тврди дека тој е невин и „наместен“, јавноста останува гласна во барањето за одговорност.
Политичка и јавна одговорност
Нацев е поранешен директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и член на ВМРО-ДПМНЕ. Токму поради тоа, дел од јавноста, како и родители на настраданите млади, повикуваат на политичка одговорност и оставка од Владата предводена од Христијан Мицкоски.
Од друга страна, партијата ГРОМ излезе со јавно барање за назначување нов мандатар, како и обештетување од најмалку 500.000 евра за секое семејство на загинатите.
Се очекуваат нови обвиненија
Истражните органи најавуваат дека случајот е далеку од затворен. Истражителите работат на проширување на истрагата, а особено внимание се посветува на улогата на припадниците на полицијата кои биле присутни вечерта на трагичниот настан во дискотеката. Нови обвиненија се очекуваат наскоро.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!