КЛОИ КАРДАШИЈАН ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ ОСЛАБЕЛА 5 КИЛОГРАМИ: Од ништо не се откажала, само го вовела ова – резултатите веднаш видливи!
КЛОИ КАРДАШИЈАН ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ ОСЛАБЕЛА 5 КИЛОГРАМИ: Од ништо не се откажала, само го вовела ова – резултатите веднаш видливи!
Клои Кардашијан откри едноставен трик со кој за само две недели успеала да ослабе 5 килограми – го изфрлила млекото и млечните производи од исхраната.
Иако редовно тренира и се грижи за својот изглед, вели дека токму овој совет, кој ѝ го дал нејзиниот личен нутриционист Гунар Петерсон, ѝ помогнал брзо да постигне видливи резултати.
Наместо класични млечни производи, таа користи растителни алтернативи, како што е бадемовото млеко. Многу сака сирења и сè уште ги консумира, но нагласува дека е доволно да се избегнуваат барем неколку дена за да се забележи разлика во тежината. Покрај тоа, практикува умереност во сè – не се лишува од слатки задоволства, но внимава сè да биде во граници.
За Клои, клучот за добра линија не е во строга диета, туку во избалансирана исхрана и доследност во здравите навики.
ПОСЛЕ 15 ГОДИНИ МИРОСЛАВ ИЛИЌ СЕ ВРАЌА ВО АРЕНА ЗАГРЕБ! „Нема ден некој од Хрватска да не ме повика на настап“
На големата сцена на Арена Загреб ќе му се придружи голем оркестар, како и неколку познати гости чии имиња ќе останат тајна до последниот момент – сè со цел ова долгоочекувано музичко доживување навистина да прерасне во спектакл. По тој повод, Миослав Илиќ ќе прослави над 50 години успешна кариера, исто како што неодамна направи и во Белград.
– Ќе биде тоа ноќ полна со сеќавања, затоа што веќе три генерации пораснаа со моите песни. Јас сум еден од ретките изведувачи на чии концерти доаѓаат деца, родители, баби и дедовци. Сите сакаат да запеат и да наздрават. А кога ќе видам таква публика пред себе, тоа ми дава сила да летам. Публиката ме подмладува и колку и да имам години, ќе пеам и во длабока старост. Додека ме држи гласот – и додека не ме изнесат од сцената – ќе пеам – изјави познатиот пејач.