НАОМИ КЕМБЕЛ ЈА ОТКРИ СВОЈАТА ДИЈАГНОЗА! Призна со што се соочува: „Луѓето често не нè сфаќаат сериозно!“
НАОМИ КЕМБЕЛ ЈА ОТКРИ СВОЈАТА ДИЈАГНОЗА! Призна со што се соочува: „Луѓето често не нè сфаќаат сериозно!“
Супермоделот Наоми Кембел призна дека често се чувствувала несфатена од општеството.

НАОМИ КЕМБЕЛ ЈА ОТКРИ СВОЈАТА ДИЈАГНОЗА!
Во неодамнешно интервју за еден магазин, 55-годишната манекенка, позната по своето впечатливо однесување и изглед, откри дека има „две страни“ – интровертна и екстровертна.
– Јас сум Близнаци во хороскоп и луѓето постојано нè толкуваат погрешно. Одлично комуницираме, но сепак, не нè сфаќаат сериозно. Себеси се сметам за многу лојална кон луѓето кои ги сакам – изјави Наоми.
Според неа, со текот на годините станала многу директна личност, а зборот „несериозна“ не постои во нејзиниот речник.
– Не се поврзувам со таа карактеристика, не ме опишува. Многу сум грижлива, а понекогаш луѓето тоа го гледаат како слабост – што не е точно.
Во интервјуто, Наоми се осврна и на темата за децата и откри како ги воспитува своите наследници. Во 2021 година, Наоми ја изненади јавноста кога објави дека е мајка на две деца. До тој момент, не се знаеше дали ќе стане родител, ниту кој е таткото, бидејќи тоа никогаш не го објави јавно.
– Сакам да им пренесам внатрешна сила и дисциплина. Сакам да ги научам на вредностите кои ми ги пренесоа баба ми, тетките и мајка ми. Најважно ми е моите деца да бидат среќни – истакна таа.
Наоми своите две деца ги доби со помош на сурогат мајка. Категорично негираше дека се посвоени во интервју за „Вог“ во 2021 година.
– Тие ми се сè. Никогаш не сум барала татко за моите деца и навистина сум среќна како самохрана мајка – рече тогаш Кембел.
ПОСЛЕ 15 ГОДИНИ МИРОСЛАВ ИЛИЌ СЕ ВРАЌА ВО АРЕНА ЗАГРЕБ! „Нема ден да не ме повика некој од Хрватска на настап“
На големата сцена во Арената Загреб, на Илич ќе му се придружи голем оркестар, како и неколку познати гости, чии имиња ќе се чуваат во тајност до последниот момент – сè со цел ова долгоочекувано музичко вече да се претвори во вистински спектакл. Со оваа прилика, Миослав Илич ќе прослави повеќе од 50 години успешна кариера, како што неодамна го направи и во Белград.
– Ќе биде тоа ноќ полна со сеќавања, бидејќи веќе три генерации пораснаа со моите песни. Јас сум еден од ретките изведувачи на чии концерти доаѓаат и деца, и родители, и баби и дедовци. Сите сакаат да пеат и да наздравуваат. А кога ќе ја видам таа публика пред мене, тоа ми дава сила да летам. Публиката ме подмладува и, без разлика на годините, ќе пеам и во длабока старост. Додека гласот ме држи – и додека не ме изнесат од сцената – ќе пеам – изјави познатиот пејач.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.