ФИНАЛНА ФАЗА ВО СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО СО ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ!
ФИНАЛНА ФАЗА ВО СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО СО ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ!
Во Основниот кривичен суд – Скопје, денес продолжува судскиот процес за бруталното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, со изнесување на завршните зборови од страна на обвинителството.
Фото: Сител.мк
На претходното рочиште заврши доказната постапка во случајот што го потресе целото општество и чиј судски процес започна во септември 2024 година.
Во текот на досегашните рочишта беа сослушани бројни сведоци, меѓу кои и членови на семејствата на жртвите, полициски службеници, инспектори, пријатели и соработници на првообвинетиот Љупчо Палевски. Обвинителството изведе и обемна материјална документација – видео-снимки, електронска комуникација и физички докази прибрани од местата каде беа пронајдени жртвите.
Сите обвинети, меѓу кои и Љупчо Палевски, на стартот од судењето се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Палевски, пак, во текот на целиот процес тврдеше дека станува збор за „политички монтиран процес“.
Според обвинението, Палевски заедно со Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, детално го испланирале киднапирањето на 14-годишната Вања со цел да изнудат откуп од нејзиното потесно семејство.
Во случајот со Панче Жежовски, според обвинителниот акт, намерата била да му го одземат возилото „Ситроен“ и да го искористат во акцијата за грабнување на девојчето.
Двајцата исчезнаа кон крајот на ноември – Панче на 24-ти, а Вања на 27-ми. За жал, на 3 декември 2023 година, нивните безживотни тела беа пронајдени на различни локации. Едниот во близина на Велес, другиот кај Скопје.
Со завршните зборови на обвинителството, се очекува судењето да влезе во завршна фаза, по што ќе следи и изрекувањето на пресудата – која јавноста ја чека со голем интерес и надеж за правда.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
HYPE МК/Е.Л.