Карди Би проговори за најтешкиот период од својот живот- искрено за разводот и тешките моменти од бракот со Офсет!
Карди Би проговори за најтешкиот период од својот живот- искрено за разводот и тешките моменти од бракот со Офсет!
Карди Би повторно го привлече вниманието на јавноста со шокантна, но длабоко искрена исповед за разводот од нејзиниот поранешен сопруг Офсет. Во гласовна порака објавена на YоуТубе, 32-годишната раперка откри дека по години емоционална болка, конечно се чувствува среќна, слободна и – жива.
фото:принтскрин/абcнеwс
„Ако останев со него, ќе го убиев со голи раце. Беше толку тешко, толку интензивно… верував дека ќе завршам во затвор“, изјави Карди, откривајќи ја темната страна на нивниот брак.
Иако јавноста често ја обвинуваше за крајот на врската, Карди истакна дека зад разводот не стои само неверството, туку години лаги, манипулации и секојдневна драма што ја уништиле психички. Признала дека немала апетит, имала главоболки и била на раб на ментален слом – до точка кога менаџерите ѝ предложиле психолошка помош.
„Пролеав многу солзи, но конечно се чувствувам како себе. Учам повторно да живеам, да се забавувам и – најважно – да бидам сама“, вели таа.
И покрај слободата што ја чувствува, Карди признава дека е изненадена од количината омраза што ја добива, особено од мажи. „Бев верна седум години. Сега кога се чувствувам добро, ме нарекуваат со погрдни имиња. Зошто? Затоа што сум посреќна сама?“
Сепак, Карди Би останува непоколеблива – силна, искрена и подготвена за ново поглавје во својот живот, далеку од токсичната љубов што ја држела заробена.
Бонус видео:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!