Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово: Едно лице загина, четири повредени!
Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово: Едно лице загина, четири повредени!
Едно лице го загуби животот, а четири други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска околу 16:20 часот на регионалниот пат Скопје–Тетово.
принтскрин/пихед
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, патничко возило марка „БМВ“ со скопски регистарски таблички, управувано од 22-годишната М.Џ. од селото Семениште, општина Сарај, излетало од коловозот и се превртело.
Во несреќата тешко била повредена 19-годишната В.М. од истото село, која била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, но за жал, и покрај напорите на лекарите, во 17:40 часот била констатирана нејзина смрт.
Со телесни повреди се здобиле и три други сопатнички – А.М. (21), А.М. (21) и Р.М. (24), сите од селото Семениште. Тие се згрижени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
На местото на несреќата увид извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинител. По негова наредба, телото на починатата е предадено на обдукција.
Причините за несреќата сè уште се испитуваат.
Бонус видео:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!