Во акција на МВР на Р. Србија откриена даночна измама од 2 милиони евра на кинеска компанија во Бор!
Во акција на МВР на Р. Србија откриена даночна измама од 2 милиони евра на кинеска компанија во Бор!
Во заедничка акција на Полициската управа Бор – Одделението за криминалистичка полиција, Секторот за даночна полиција и Службата за сузбивање на криминалот при Управа на криминалистичка полиција на МВР на Република Србија.
фото: принсcреен/бор.рс/илустраcиjа
На 03.06.2025 година до Основното јавно обвинителство во Бор е поднесена кривична пријава против четири одговорни лица и едно правно лице. Под сомнение дека сториле повеќе кривични дела. Станува збор за даночна измама поврзана со ДДВ (член 173а од Законот за постапка при даночна контрола и даночна евиденција) и даночно затајување (член 225 од Кривичниот законик), со вкупна штета нанесена на буџетот на Република Србија во износ од 237.639.294 српски динари, односно околу 2.000.000 евра.
ПО „НАВИКА“ АНТОНИА И ПАЈАК ЌЕ РАСТУРАТ СО НОВ ХИТ – НАЈАВА ЗА ЖЕШКО ЛЕТО! (ВИДЕО)
Во акција на МВР на Р. Србија откриена даночна измама од 2 милиони евра на кинеска компанија во Бор!
Кривичната пријава ги опфаќа три одговорни лица од кинеската компанија „Хуа Xиа“ ДОО Бор, како и едно лице од Србија кое имало функција на овластен книговодител.
Во периодот 2022–2023 година, пријавените лица врз основа на непријавен промет на стоки и симулирани правни трансакции. Тие избегнале пресметка и уплата на законски определени даночни обврски во вредност од речиси 2 милиони евра.
За кривичното дело „Даночна измама во врска со ДДВ“ е предвидена казна затвор од 3 до 10 години. Исто така и парична казна и задолжително изрекување на мерка забрана за вршење професија, дејност или должност во времетраење од една до пет години.
За делото „Даночно затајување“, исто така е пропишана затворска казна во траење од 3 до 10 години, заедно со парична казна.
Дополнително, во рамките на истата акција, против седум лица се поднесени кривични пријави за кривични дела поврзани со нелегална градба на територијата на општина Кладово.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.