Македонските каратисти како ѕвезди на црвениот тепих – со 46 медали се вратија од Европскиот шампионат во Грција!
Македонските каратисти како ѕвезди на црвениот тепих – со 46 медали се вратија од Европскиот шампионат во Грција!
Во стил на вистински шоу-биз ѕвезди, македонските каратисти го освоија подиумот на Европскиот шампионат во традиционално карате, одржан викендов во Неа Мудања, Грција. Со блескави настапи и борбен дух, нашите репрезентативци се враќаат дома со вкупно 46 медали – 12 златни, 13 сребрени и 21 бронзен!
фото:спортмк
Најголемите аплаузи ги доби Антонија Белазелкоска, новата европска шампионка во кати за сениорки, додека младите надежи Камелија Недев и Матеј Мангаровски доминираа во енбу и кати категориите. Матеј блесна и со сребро во фукуго, докажувајќи дека иднината на карате спортот кај нас е светла.
Женскиот сениорски ката тим, со Антонија, Берта и Јана Милевски, освои сребро, а Јана додаде и бронза во индивидуални кати.
Меѓу најмладите, вистински ѕвезди беа Камелија и Филип Недев, кои се закитија со по три златни медали во категориите кати, кихон и џиу кумите. Не заостануваше ниту ката тимот на најмалите (6-9 години) со Максим Поп Трпев, Драган Стојановски и Војдан Паламидовски, кои исто така застанаа на врвот од пиедесталот.
На шампионатот учествуваа 14 држави и околу 200 натпреварувачи, но македонските каратисти дефинитивно беа ѕвездите на вечерта!
Бонус видео:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!