„СЕ ВРАЌАВ ДОМА ВО 6 НАУТРО, А НАВЕЧЕР ИГРАВ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ!“
„СЕ ВРАЌАВ ДОМА ВО 6 НАУТРО, А НАВЕЧЕР ИГРАВ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ!“
Фото/скyспорт
Весли Снајдер, некогашната фудбалска „десетка“ со магичен допир, важеше за еден од најдобрите играчи во своето време. Легендарниот Холанѓанец кој настапуваше за Реал Мадрид, најмногу блесна во 2010 година – кога заедно со нашиот Горан Пандев и остатокот од тимот на Интер го освои историскиот „триплета“, а со националниот тим на Холандија стигна до финалето на Светското првенство во Јужна Африка.
Многумина и денес сметаат дека токму Снајдер беше најголемиот оштетен кога не ја доби „Златната топка“ за таа година.
Поминаа 15 години, а Снајдер денес со искреност зборува за својата кариера – и животот надвор од терените.
„Да, имаше моменти кога излегував со посебно друштво, ќе испиев неколку чаши, се враќав дома во 6 часот наутро, а веќе навечер играв натпревар во Лигата на шампионите со Интер. Не чувствував дека тогаш нешто ми недостасува. Можев да бидам како Меси и Роналдо – врвни професионалци, но јас го сакав и животот, не само фудбалот“, откри Снајдер.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!