МАКЕДОНИЈА ГО ПРЕВРТУВА ДИГИТАЛНИОТ СВЕТ – НОВИ ЗАКОНИ ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ И ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ ЌЕ ПРОМЕНАТ СÈ!
МАКЕДОНИЈА ГО ПРЕВРТУВА ДИГИТАЛНИОТ СВЕТ – НОВИ ЗАКОНИ ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ И ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ ЌЕ ПРОМЕНАТ СÈ!
Македонија влегува во нова дигитална ера! Владата денеска ги усвои два клучни закони што ќе го трансформираат дигиталното општество и ќе ја зајакнат сајбер безбедноста на државата.
Фото: Фаcебоок/Влада на Република Северна Македонија
Станува збор за новиот Закон за електронски комуникации и првиот во историјата Закон за безбедност на мрежи и информациски системи (сајбер безбедност), соопшти Министерството за дигитална трансформација. Овие закони се темел на идниот технолошки развој и се целосно усогласени со европските стандарди, конкретно директивата НИС 2 на Европската Унија и мислењата на Уставниот суд на Република Македонија.
КАКО ДА СЕ ИЗБОРИТЕ СО СТРАВОТ ОД ГРМЕЖИ И МОЛЊИ? ЕВЕ ТРИ КОРИСНИ СОВЕТИ!
ШТО НОСИ ЗАКОНОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ?
Зајакнати права на граѓаните и заштита на личните податоци
Јасна правна рамка и транспарентност кај телекомуникациските оператори
Поголема конкурентност и стабилност на пазарот
Прецизно дефинирани надлежности на Агенцијата за електронски комуникации
Ефективен надзор и отчетност
ШТО ПРЕДВИДУВА ЗАКОНОТ ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ?
Воспоставување на национален модел за управување со сајбер ризици
Креирање на Национален координативен совет за сајбер безбедност
Формирање на Владин СОC – центар за одговор на сајбер инциденти
Создавање сектор за сајбер безбедност во Владата
Обврска за вработување сајбер експерти во сите институции од критично значење
Поддршка за јавни институции и оператори на критична инфраструктура
МАКЕДОНИЈА ГО ПРЕВРТУВА ДИГИТАЛНИОТ СВЕТ!
Овие закони не само што ја модернизираат правната рамка, туку и ја подготвуваат Македонија за предизвиците на дигиталната иднина. Тие се дел од пошироката Реформска агенда за дигитализација и транспарентност. Се сметаат за еден од клучните чекори кон европската интеграција на државата.
„Ова е конкретен резултат од визијата за дигитална Македонија – транспарентна, сигурна и иновативна“, стои во соопштението, во кое се нагласува и дека визуелизацијата на законот е поддржана од вештачка интелигенција.
Македонија, со овие чекори, не само што чекори кон Европа – таа ја обликува својата дигитална иднина со храбар и јасен курс.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.