КАКО ДА СЕ ИЗБОРИТЕ СО СТРАВОТ ОД ГРМЕЖИ И МОЛЊИ? ЕВЕ ТРИ КОРИСНИ СОВЕТИ!
КАКО ДА СЕ ИЗБОРИТЕ СО СТРАВОТ ОД ГРМЕЖИ И МОЛЊИ? ЕВЕ ТРИ КОРИСНИ СОВЕТИ!
Стравот од грмеж и муњи, познат како астрафобија, е еден од најчестите специфични стравови. Иако најчесто се појавува во детството, кај многу луѓе трае и во зрелите години. Соодветната терапија – било разговорна или медикаментозна – може значително да ги намали симптомите на анксиозност и да го подобри квалитетот на животот.
Фото: Пиxабаy
Што претставува астрафобијата?
Астрафобијата е интензивен, понекогаш парализирачки страв од грмеж и молњи. Освен кај луѓето, оваа фобија е забележана и кај многу животни. Лицата кои страдаат од астрафобија често опсесивно ја следат временската прогноза, избегнуваат одредени ситуации кои потсетуваат на олуја и можат да доживеат панични напади за време на невреме.
Колку е чест овој страв?
Астрафобијата се вбројува меѓу најчестите специфични фобии, а статистиката покажува дека жените се двојно повеќе склони кон овој страв отколку мажите.
Причини и симптоми
Причините за астрафобијата не се секогаш јасни. Кај некои, стравот е резултат на трауматско искуство во текот на детството, додека кај други се појавува без очигледна причина, но е почест кај оние со семејна историја на слични фобии.
Најчести симптоми:
- Болка во градите
- Вртоглавица или дури и губење на свест
- Дијареа
- Забрзано чукање на срцето
- Мачнина и повраќање
- Краток здив
- Појачано потење
- Тресење на телото
Стефан Суботиќ ШОКИРАШЕ со признание: „Цената за моето шминкање е од 800 до 1000 евра!“ (ВИДЕО)
Што може да помогне?
Најефикасните пристапи вклучуваат:
- Терапија со изложување – постепено соочување со стравот под надзор на стручњак.
- Когнитивно-бихејвиорална терапија (КБТ) – учење како да се заменат негативните мисли со реални и конструктивни.
- Дијалектичка терапија – комбинација од разговор и техники на релаксација (медитација, дишење).
- Медикаментозна терапија – лекови за анксиозност или панични напади, препишани од лекар.
Што можете да направите сами?
- Примена на техники за справување со стрес: контролирано дишење, физичка активност, смирувачки ритуали.
- Креирање безбедна и пријатна средина за време на невреме.
- Одбегнување на прекумерно изложување на информации за времето, ако предизвикува анксиозност.
ЉУПКА МИТРОВА КАЖА ДА ПОКРАЈ ГРЧКОТО МОРЕ, ЛУКСУЗНА ЦЕРЕМОНИЈА СО ИЗБРАНИ ГОСТИ! (ФОТО+ВИДЕО)
Како да му помогнете на дете кое се плаши од олуја?
- Објаснете му дека грмежот не може да го повреди.
- Заедно учете за природните појави.
- Поврзете дождот со позитивни нешта, како растот на растенија.
- Обезбедете топол, сигурен простор каде детето ќе се чувствува заштитено.
- Ако стравот продолжува, обратете се кај детски психолог или друг стручњак.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.