СУДИР ПОМЕЃУ ВОЗ И АВТОМОБИЛ ВО ВЕЛЕС – НЕМА ПОВРЕДЕНИ!
СУДИР ПОМЕЃУ ВОЗ И АВТОМОБИЛ ВО ВЕЛЕС – НЕМА ПОВРЕДЕНИ!
Во близина на поранешната фабрика „Порцеланка“ кај Велес, вчера околу 09:34 часот се случила сообраќајна несреќа на железнички премин на регионалниот пат Велес – Извор.
Фото: Пеxлес
Според информациите од Секторот за внатрешни работи Велес, во инцидентот учествувале патничко моторно возило од марката „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Ѓ.О. од Чашка, и патнички воз сопственост на Македонски железници, управуван од 39-годишниот К.З. од Скопје.
Среќна околност е што во несреќата нема повредени лица, информира утрово портпаролката на СВР Велес, Билјана Ѓаковска. По овластување од јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес. За време на увидот, патниот сообраќај се одвивал наизменично во двата правци, додека железничкиот сообраќај бил во прекин од 09:34 до 10:45 часот.
ЉУПКА МИТРОВА КАЖА ДА ПОКРАЈ ГРЧКОТО МОРЕ, ЛУКСУЗНА ЦЕРЕМОНИЈА СО ИЗБРАНИ ГОСТИ! (ФОТО+ВИДЕО)
Денешниот ден ќе остане запаметен како еден од најубавите во животот на македонската убавица и инфлуенсерка Љупка Митрова. Таа официјално го кажа судбоносното „да“ на романтична церемонија покрај тиркизното грчко море, опкружена со најблиските и со совршено сценографирана атмосфера.
Церемонијата се одржа на една ексклузивна локација на Халкидики, каде природната убавина беше само дополнителна декорација на љубовната бајка. Љупка блескаше во елегантна венчаница со рачна изработка, додека нејзиниот избраник носеше стилски костум кој совршено се вклопуваше со луксузниот амбиент.
Гостите беа внимателно одбрани — блиски пријатели, семејство и неколку јавни личности од македонската сцена.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.