Стефан Суботиќ ШОКИРАШЕ со признание: „Цената за моето шминкање е од 800 до 1000 евра!“ (ВИДЕО)
Стефан Суботиќ ШОКИРАШЕ со признание: „Цената за моето шминкање е од 800 до 1000 евра!“ (ВИДЕО)
Стефан Суботиќ ШОКИРАШЕ!
Многу популарниот шминкер Стефан Суботиќ, ексклузивно за телевизијата HYPE, проговори на многу теми само за нашите камери!
Фото: Hypeтв.рс
На самиот почеток од разговорот ни откри колку наплатува за шминкање во Дубаи:
„Сметам дека секој има слобода својот труд да го наплати онака како што смета дека е соодветно. Сметам дека денес можам да наплатам шминкање и многу повеќе, но се трудам да одржам еден стандард. Цената за моето шминкање се движи од 800 до 1000 евра, а тука цената е трипати пониска“ – заклучи Стефан.
Стефан Суботиќ ШОКИРАШЕ!
Шминкерот Стефан Суботиќ стана познат во јавноста поради неговите трансформации. Дека шминката е сериозна уметност и дека со неа можат да се постигнат чуда, на повеќето веќе им е познато. Суботиќ со своето умеење, но и со трансформациите, секојдневно ги фасцинира своите следбеници. Она што Стефан го прави со шминката предизвикува огромно внимание. А следбениците не можат да се начудат на неговите трансформации во домашни, но и во странски ѕвезди.
Фото: Hypeтв.рс
Познат е како уметник кој може да направи чудо. Клиентки му се и познати дами од нашата естрада.
Да потсетиме, во неговото претходно гостување на телевизијата HYPE, овој млад човек ни призна дали некогаш некој од колегите се обидел да му наштети во работата:
„Се случувало, секако дека да. Јас за моите колеги имам навистина убаво мислење, но имало и такви кои правеле разни мимови на сметка на моите трансформации и мислеле дека така ќе ме исмејуваат. Мене само тие негативни коментари ме туркаа напред и ме правеа подобар во мојата работа. Мене, на некој начин, таа љубомора само ме мотивираше да направам повеќе и подобро, и да бидам подобар“ – рече Стефан.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
HYPE МК/Е.Л.