Новак Ѓоковиќ слави историски момент: Јубилејна 100-та титула за српската легенда!
Новак Ѓоковиќ слави историски момент: Јубилејна 100-та титула за српската легенда!
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, запиша уште една страница во историјата на светскиот тенис освојувајќи го јубилејниот 100-ти трофеј во кариерата. Во финалето на турнирот во Женева, Ѓоковиќ го совлада Полјакот Хуберт Хуркач со 2-1 во сетови: 5-7, 7-6, 7-6, во натпревар што траеше повеќе од три часа и изобилуваше со драма и тенис од највисоко ниво.
фото:принтскрин: фокус
По пропуштената шанса за големата бројка во Мајами, каде загуби од младиот Јакуб Меншик, Ѓоковиќ покажа шампионски дух во Швајцарија и успеа да стигне до психолошки и спортски исклучително значајната стота титула.
Со овој успех, Ѓоковиќ се приклучи на ексклузивниот клуб на тенисери со троцифрен број трофеи, каде се веќе Џими Конорс (109) и Роџер Федерер (103).
Импресивни бројки од кариерата на Ѓоковиќ
-
24 титули од Гренд слем турнири
-
40 титули од Мастерс серии
-
7 титули од финалните турнири на АТП сезоната
-
Златен медал од Олимписките игри во Париз
-
Победи на сите можни турнири во тенискиот календар
Ѓоковиќ и на 37 години не покажува знаци на забавување, а неговиот рекорд станува се потешко достижен за идните генерации. Покрај физичката подготвеност, неговиот умствен склоп, искуството и решителноста се факторите кои го издвојуваат од сите во историјата на спортот.
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!