Обвинение за таткото на Васил Јованов – му давал кола на синот и покрај безброј прекршоци!
Обвинение за таткото на Васил Јованов – му давал кола на синот и покрај безброј прекршоци!
Во Основниот кривичен суд Скопје денес беше одложено првото рочиште против Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов, кој е обвинет за предизвикување општа опасност откако му дозволувал на синот без возачка дозвола да управува возило – со што, според обвинителството, придонел до трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби 19-годишната Фросина Кулакова.
фото:принтскрин: алфатв
Судиката Љубинка Башеска констатираше дека не се исполнети условите за одржување на рочиштето и ново закажа за крајот на идниот месец.
Обвинителството тврди дека Зоран Јованов, свесен за ризикот, повеќе од две години му давал на својот син Васил да го вози автомобилот „Пежо 207“, иако тој немал возачка дозвола и бил повеќекратен сторител на сообраќајни деликти.
Во обвинението стои дека Васил Јованов е поврзан со вкупно 13 прекршоци и кривични дела: едно дело сообраќајна несреќа со полесни последици во 2022 година, 11 сообраќајни прекршоци во 2023 и 2024 година, и кобната несреќа од 29 јануари 2025 година, кога Фросина Кулакова го загуби животот.
Обвинителството смета дека таткото свесно дозволувал возење во спротивност со законот, надевајќи се дека нема да има последици, што според законот претставува „општоопасно дејствие“.
Следното судско рочиште е закажано за крајот на јуни.
Да се потсетиме: Во текот на месец мај се одржа и судењето против Васил Јованов кој што ја усмрте Фросина! На Васил му беше пресудено 12 години затворска казна!
Родителите на Фросина не беа задоволни од казната која што ја доби Васил Јованов и бараа истиот да биде осуден на максимална казна која што за ова кривично дело е 20 години казна затвор! Сепак судот земајќи ги во предвид сите предности како и негативности поврзани со сторителот на делото пресуди 12 години затворска казна за ова кривично дело!
БОНУС ВИДО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!