ФЕНЕРБАХЧЕ ЈА ОСВОИ ЕВРОЛИГАТА, А СО НАГРАДАТА НЕ МОЖЕ ДА ГО ИСПЛАТИ ХЕЈС-ДЕЈВИС: Смешни пари за шампионот!
ФЕНЕРБАХЧЕ ЈА ОСВОИ ЕВРОЛИГАТА, А СО НАГРАДАТА НЕ МОЖЕ ДА ГО ИСПЛАТИ ХЕЈС-ДЕЈВИС: Смешни пари за шампионот!
Фенербахче е шампион на Евролигата!
Фенербахче шампион Евролиге (АП Пхото/Алтаф Qадри)
Како што еднаш рече Ѕвездан Терзиќ: „Евролигата е второкласно натпреварување“. Со текот на времето сите имавме можност да се увериме во тоа, иако на почетокот бевме „заслепени“ од нашите навивачки страсти. Синоќа го добивме шампионот на Стариот континент за сезоната 2024/25. Тоа е Фенербахче, кој во финалето го совлада Монако со 81:70 во Абу Даби.
ЕВЕ ЗОШТО ПОЈАДОКОТ Е ВАЖЕН: Ова е тајната на добро расположение и енергија!
Истанбулскиот гигант по втор пат ја освои титулата европски шампион, но освен тоа звање и престиж – не добива многу повеќе. Ако ги цениме само спортските вредности, тоа навистина е единственото важно, но во денешните услови парите никогаш не смеат да се занемарат. А Евролигата е целосно непрофитабилно натпреварување.
Фенербахче за освојување на првото место доби парична награда од 1.800.000 евра. За споредба, само Најџел Хејс-Дејвис годишно заработува плата од 2.200.000 евра, што значи дека шампионот не доби доволно ни за да исплати еден играч… Понатаму сè е уште посмешно – Монако доби 1 милион евра, третопласираниот Олимпијакос 850.000, а Панатинаикос 770.000 евра.
И потоа се прашуваат зошто клубовите гледаат кон ФИБА и НБА…
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.