СКОПЈЕ ДОБИВА НОВА АВИОЛИНИЈА ДО ЛАРНАКА – НАЈАВЕНИ И ДИРЕКТНИ ЛЕТОВИ КОН СЕВЕРНА АМЕРИКА
СКОПЈЕ ДОБИВА НОВА АВИОЛИНИЈА ДО ЛАРНАКА – НАЈАВЕНИ И ДИРЕКТНИ ЛЕТОВИ КОН СЕВЕРНА АМЕРИКА
фото/пиxбаy
Од 31 октомври, ќе стартува нова авиолинија од Скопје до Ларнака, Кипар, како дел од проширувањето на авиомрежата од македонската престолнина. Веста ја соопшти министерот за транспорт Александар Николоски, во петокот вечерта, на прославата на 15-годишниот јубилеј на ТАВ Македонија.
Николоски истакна дека веќе е потпишан договорот за оваа – единаесетта нова дестинација во последните 10 месеци. Според него, владините субвенции и стратегиите за развој на воздушниот сообраќај веќе даваат конкретни резултати.
Најавата за Ларнака доаѓа веднаш по воведувањето на линиите кон Барселона (Шпанија) и Лион (Франција), со што Wизз Аир дополнително го зајакнува своето присуство во регионот. Летовите за Барселона и Лион се веќе активни од мај, а до крајот на септември ќе започне и новата линија кон Штутгарт.
Во план се и нови релации кон шпанското и италијанското крајбрежје, како и нови рути до Прага и Мадрид. Повторно е најавен и долгоочекуваниот лет за Дубаи со „ФлyДубаи“, кој би стартувал во есенските месеци.
Министерот откри и дека се водат разговори со нискобуџетниот авиопревозник „Рyанаир“, со кого остварил средба во Лондон, што може да значи уште поголема понуда од Скопје во иднина.
Како амбициозен чекор за развој на македонскиот воздушен сообраќај, Николоски најави и можност Скопје, по Атина и Белград, да стане транзитен центар за прекуокеански летови, вклучувајќи и директни рути до Северна Америка.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!