БОЛИДОТ НА ШУМАХЕР ПРОДАДЕН ЗА 18,17 МИЛИОНИ ДОЛАРИ – ЧЕТВРТИ НАЈСКАП ВО ИСТОРИЈАТА НА ФОРМУЛА 1
БОЛИДОТ НА ШУМАХЕР ПРОДАДЕН ЗА 18,17 МИЛИОНИ ДОЛАРИ – ЧЕТВРТИ НАЈСКАП ВО ИСТОРИЈАТА НА ФОРМУЛА 1
фото/пиxбаy
Седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, ја освои Големата награда во 2001 година во болидот што неодамна беше продаден на аукција за неверојатни 18,17 милиони долари.
Според „Њујорк Тајмс“, станува збор за Ферари болидот од Формула 1 со кој Шумахер ги победи на трките во Монако и Унгарија, освојувајќи ја и светската титула во таа сезона. Со оваа продажба, болидот стана најскап автомобил од Формула 1 што некогаш бил продаден на аукција, кога станува збор за возило управувано од легендарниот германски возач.
Болидот се рангира на четвртото место меѓу најскапо продадените болиди во историјата, веднаш зад три модели на Мерцедес. На врвот на листата се наоѓа Мерcедес-Бенз W196, продаден во март за рекордни 52 милиони долари.
Шумахер, кој е еден од најголемите имиња во историјата на Формула 1, доживеа тешка несреќа на 29 декември 2013 година, додека скијаше во Мерибел, Франција. Тој претрпе сериозна трауматска повреда на мозокот со оштетувања на двете хемисфери и подоцна падна во кома.
Во декември 2018, беше објавено дека веќе не е врзан за кревет и не користи апарати за дишење. Во септември 2019, тој беше тајно хоспитализиран во Париз за третман со матични клетки, а во јуни 2020 медиумите пренесоа дека ќе следи нова трансплантација.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!