„МЕМОРИЈА“ СО ТРОЕН ЖИВ АЛБУМ – РАРИТЕТ ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА РОК-МУЗИКА!
„МЕМОРИЈА“ СО ТРОЕН ЖИВ АЛБУМ – РАРИТЕТ ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА РОК-МУЗИКА!
Фото/Приватна архива
По спектакуларниот концерт кој го одржаа минатата година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, легендарната македонска рок-група „Меморија“ го промовира својот нов албум во живо – и тоа во исклучително ретко издание.
Албумот носи наслов „Меморија 2024 Ливе“ и е објавен во два формата – како троен винил (три ЛП плочи) и двојно ЦД. На винил верзијата се сместени 21 песна од концертот, колку што дозволува капацитетот на форматот, додека ЦД изданието содржи вкупно 25 нумери, меѓу кои се и настапите на специјалните гости од вечерта.
фото/ хајп тв
Станува збор за исклучително издание, какво што досега не е видено на македонската музичка сцена – троен жив албум на ЛП плочи е вистински раритет, дури и во поширокиот регион на поранешна Југославија.
Музичката продукција на албумот е дело на Мите Димовски и Давор Јордановски, додека за тонската обработка се погрижи Евгениј Каревски. Извршни продуценти се Бошко Мангаровски и Христина Георгиевска, која е и автор на визуелниот дизајн на изданието.
ФОТО/ хајп тв
Албумот е објавен во лимитиран тираж и, според информациите, речиси веднаш по пуштањето во продажба.
Со ова, „Меморија“ уште еднаш потврди дека не само што го одржува своето култно реноме, туку и успева да постави нови стандарди во македонската рок-продукција.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!