Осум лица прогласени за виновни за грабежот на Ким Кардашијан во Париз, но нема да одат во затвор
Осум лица прогласени за виновни за грабежот на Ким Кардашијан во Париз, но нема да одат во затвор
фото/википедија
Осуммина беа прогласени за виновни за вооружениот грабеж што се случи во хотелската соба на Ким Кардашијан во Париз пред девет години, при што беше украден накит вреден милиони долари.
Четворицата кои директно учествувале во грабежот добија казни до осум години затвор, но повеќето од нив се условни, а поради веќе одлежаното време нема да се вратат во затвор. Две лица беа ослободени од обвиненија.
Вкупно девет мажи и една жена беа обвинети за извршување или помагање во грабежот на накит вреден околу десет милиони долари, меѓу кои и дијамантски свршувачки прстен, кој беше украден за време на Париската модна недела во 2016 година.
„Овој грабеж беше најстрашното искуство во мојот живот и остави длабоки последици врз мене и моето семејство“, изјави Ким Кардашијан по изрекувањето на пресудата.
Ноќта меѓу 3 и 4 октомври 2016 година, таа беше во својата хотелска соба во „Пурталес“ во центарот на Париз. Тогаш група мажи облечени во полициски униформи влегле во зградата.
Повеќето од осудените сега се во шеесеттите и седумдесеттите години од животот. Некои се тешко болни, па француските медиуми ги нарекоа „дедовци разбојници“. Тие добија значително помали казни од оние што ги бараа обвинителите.
На судењето, Кардашијан раскажа дека ѝ бил вперен пиштол во грбот и дека била турната на подот. Изрази страв дека ќе биде силувана и дека ѝ ги врзале нозете заедно.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!