ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА МИМИ ОРО ДЕНЕС! СЕ ПРОСЛАВИ ВО РИЈАЛИТИ, А СЕГА НЕ БИ ЈА ПРЕПОЗНАЛЕ – ЕВЕ СО ШТО СЕ ЗАНИМАВА (ФОТО)
ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА МИМИ ОРО ДЕНЕС! СЕ ПРОСЛАВИ ВО РИЈАЛИТИ, А СЕГА НЕ БИ ЈА ПРЕПОЗНАЛЕ – ЕВЕ СО ШТО СЕ ЗАНИМАВА (ФОТО)
КАКО ИЗГЛЕДА МИМИ ОРО
Милица Живановиќ, на јавноста позната како Мими Оро, се прослави пред повеќе од една деценија благодарение на виралното учество во телевизиски квиз, каде редеше незаборавни одговори – од тоа дека „оро“ е најголемата птица, до непознавање на химната и боите на српското знаме.
Потоа, Мими учествуваше и во неколку ријалити емисии, каде со своето однесување и изјави постојано го привлекуваше вниманието на јавноста. Но, по бурната медиумска кариера, таа се повлече од јавноста – а еве каде е денес и како изгледа.
На најновите фотографии кои кружат по социјалните мрежи, Мими Оро е речиси непрепознатлива. Ја промени бојата на косата во платинесто руса, а забележливо ги намали и нејзините некогаш препознатливи усни. Коментарите на корисниците беа збунети:
„Никогаш не би ја препознал.“, „Ова не е иста личност!“, „Луѓе, дали навистина е ова Мими Оро?“ – беа само дел од реакциите.
Големо изненадување предизвика и веста дека Милица Живановиќ сега работи како ревизор. На Инстаграм пред извесно време сподели видео во кое изјави:
„Јас сум Милица Живановиќ, имам 31 година, доаѓам од Јагодина и сум ревизор по професија“, изјави тогаш.
КАКО ИЗГЛЕДА МИМИ ОРО!

Фото: Инстаграм Принтсcреен _ мими_оро_милиcа
Иако се повлече од сцената, старлетата целосно се посвети на себе, здравата исхрана и мирниот живот. За сè редовно ги информира своите следбеници преку социјалните мрежи, каде и понатаму добива силна поддршка. Според фотографиите од нејзиниот профил, се гледа дека Мими поседува и плантажа со праски, цреши и ореви – со што самата се пофали.
Од реалити и лапсуси, до независна деловна жена – Мими Оро денес живее сосема поинаков живот.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!