Тишина од институциите: Мајка од Кочани моли за помош по трагедијата!
Тишина од институциите: Мајка од Кочани моли за помош по трагедијата!
Мајка од Кочани со скршено срце и солзи во очите упати јавен апел преку социјалните мрежи, сведочејќи за тешката борба што нејзиното семејство ја води по трагичниот пожар во кој нејзиниот син претрпе сериозни изгореници.
Таа раскажа дека целосно се посветила на неговата нега, напуштајќи ја својата работа бидејќи момчето е во критична здравствена состојба и му е потребна 24-часовна грижа. „Се грижев за болната мајка, а сега и за синот – мораше некој да остане покрај него. Го напуштив и работното место, немав избор“, вели мајката.
И покрај тешката ситуација, таа истакнува дека поддршка добила единствено од хуманите граѓани, додека институциите останале неми. „Сè уште чекаме. Државата не ни помогна со ништо. Не знаеме што ќе треба понатаму – дали ќе има операции, дали ќе бидат потребни специјални ракавици или друга опрема… Јас сè што имам ќе дадам, ама потребна ни е и помош од државата,“ апелира таа.
Момчето се лекуваше во болница во Грција, но според лекарите, процесот на целосно заздравување може да трае најмалку една година, а можеби и подолго.
Семејството повикува на итна интервенција и поддршка од надлежните институции, нагласувајќи дека нивната борба е не само медицинска, туку и економска, психолошка и човечка.
Апелот на мајката повторно го отвора прашањето за одговорноста на државата во поддршката на жртвите од несреќи и нивните семејства – прашање кое останува болно и неодговорено.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!