ЅВЕЗДАТА НА ТРИЛОГИЈАТА “ПЕДЕСЕТ НИЈАНСИ” ОТВАРА ONLYFANS? ЗА ТОА ЈА ОХРАБРИЛ КОЛЕГАТА “ДОВОЛНО ДА МРДА…”
Актерката Дакота Џонсон, ќерка на познатата двојка Мелани Грифит и Дон Џонсон, ја шокираше јавноста со тоа што планира да отвори налог на платформата за возрасни OnlyFans.

Младата и перспективна актерка се прослави со улогата во познатата франшиза “Педесет нијанси сиво”, а благодарение на многуте улоги во филмовите таа заработи големо богатство.
Како што пренесува RadarOnline.com, Дакота сега е заинтересирана да покрене сопствен налог на OnlyFans. Таа призна дека ја поттикнал нејзиниот колега Педро Паскал од филмот „Материјалисти“, кој тврди дека ако отвори свој налог, доволно е само да „мрда со прстите на нозете и ќе заработува пари“.
Софија Вергара откри детали за разводот: „Не сакам да бидам стара мајка, тоа не е фер за детето!“
Дакота беше заинтересирана од оваа идеја, а кога ја прашаа што би направила ако го затекне својот момак како гледа модели на OnlyFans, таа одговори дека луѓето одат таму „за да гледаат чудни работи“ и дека за неа моделите на OnlyFans се привлечни.
– Педро Паскал ми рече дека треба да имам OnlyFans и дека можам само да мрдам со прстите на нозете и да заработувам пари. Дали да го направам тоа? – праша таа сите. Признавам, би ги погледнала моделите на OnlyFans на Инстаграм да знам како да го направам тоа. Звучи интересно.
Оваа платформа стана „рудник за злато“ за некои познати личности како Дениз Ричардс, Карди Би, Лили Ален, кои не се срамат да признаат дека заработуваат пари токму преку OnlyFans, а дали Дакота Џонсон ќе се осмели да влезе во овие води, останува да се види.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.MK!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @hypetv.mk!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE KANALOT – HYPE MK ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
HYPE MK/Е.Л.