CITY HYPE! ОДРЖАНА ПРВАТА СПЕКТАКУЛАРНА АУДИЦИЈА „HYPE ЅВЕЗДИ“ ВО БЕЛГРАД! САША МИРКОВИЌ ИМ ПРАТИ ВАЖНА ПОРАКА НА КАНДИДАТИТЕ!
CITY HYPE
Во денешното издание на емисијата „City Hype“ ќе гледате:
Фото: Hypetv
-
Првиот ден од аудицијата за „Hype Ѕвезди“ во Белград собори сите рекорди. Саша Мирковиќ им прати силна порака на кандидатите
-
И денес во рубриката „Шушкања“ ви откриваме сè најинтригантно од јавната сцена!
-
Милe Китиќ призна дали е најголемиот заводник на естрадата!
-
Катарина Живковиќ ни откри колку мајчинството ја променило!
-
Слушаме дуетот на Аца Лукас и Мира Шкориќ „Крик“!
-
Добредојдовте во City Hype!
Фото: Hypetv
Првиот ден од аудицијата за музичкото шоу „Hype Ѕвезди“ во Белград се одржа вчера, а огромен број кандидати пристигнаа за да го покажат својот талент.
Уште од раните утрински часови се формираше огромен ред од талентирани луѓе од сите возрасти и профили, подготвени да се борат за своето место под рефлекторите.
Фото: Hypetv
Директорот и сопственик на Hype телевизија, Саша Мирковиќ, се појави на аудицијата и им прати важна порака на кандидатите:
– Добро размислете кого ќе земете за менаџер утре. Особено вие девојки! Внимавајте со кого соработувате и на што прифаќате. Ова е свет во кој избирате да бидете. И вие девојки, а и вие постари – бегајте што подалеку од криминалци и немојте тие да ви бидат идоли! Бидете свои! – им порача Мирковиќ, по што доби громогласен аплауз.
Фото: Hypetv
CITY HYPE
Кату Живковиќ ја сретнавме на една прослава, а таа ни откри детали од својот приватен и деловен живот. Изјави дека е задоволна како проаѓаат песните од нејзиниот албум, а особено се издвојуваат „Анѓеле мој мали“ и „Моја правила“.
Призна и колку мајчинството ја променило на подобро и колку е посветена на својот син.
Фото: Hypetv
Миле Китиќ важи за еден од најголемите шмекери на нашата сцена, познат по својот хумор и непосредност.
Пејачот неодамна го сретнавме на еден настан, а на интервјуто му се придружи и колешката Зорана Симеуновиќ.
Го прашавме Миле дали и понатаму ја носи титулата најголем заводник на естрадата. Се нашали дека секој ден е со различна жена, но призна дека и понатаму ужива во среќен брак со Марта Савиќ.

Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!




