ПРОНАЈДЕНО БЕЗЖИВОТНО ТЕЛО НА МАТУРАНТ ВО БЛИЗИНА НА СТРУМИЦА!
ПРОНАЈДЕНО БЕЗЖИВОТНО ТЕЛО НА МАТУРАНТ ВО БЛИЗИНА НА СТРУМИЦА!
Деветнаесетгодишен матурант од Струмица е пронајден починат на нива во близина на влезот во градот, потврдија за МИА од Основното јавно обвинителство (ОЈО) и Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица.
Фото: Пиxелс
Според првичните информации, телото на момчето со иницијали М.А. било пронајдено вчера, на локација зад магацинот на шумското стопанство „Беласица“, на местото познато како „Крива Река“. Се работи за ученик кој годинава требало да матурира во едно од средните училишта во Струмица.
ПРОНАЈДЕНО БЕЗЖИВОТНО ТЕЛО НА МАТУРАНТ ВО БЛИЗИНА НА СТРУМИЦА!
Прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје и приградските населби!
Според СВР Струмица, пријавата за пронајдено безживотно тело на необработена нива пристигнала околу 12 часот. Смртта ја констатирал лекар, а увид извршиле јавен обвинител од ОЈО Струмица и полициска екипа.
Телото е предадено на обдукција по наредба на обвинителството. Од досегашните наоди не се пронајдени видливи траги на насилство, а се очекуваат резултатите од токсиколошките анализи кои ќе помогнат во утврдување на точната причина за смртта.
Цената на влезниците за претстојниот концерт на Марија Шерифовиќ во Чикаго предизвика остри реакции во јавноста, откако домашните медиуми објавија дека билетите чинат помеѓу 783 и 1.083 долари. Веста предизвика бурни коментари на социјалните мрежи, каде многумина сметаат дека цените се неприфатливо високи.
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.