БИЛЕТОТ НА АЛЧНАТА МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ ЧИНИ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДИ ДОЛАРИ ЗА КОНЦЕРТОТ ВО ЧИКАГО! Луѓето се БЕСНИ – „Собери се, не си Бијонсе!“
БИЛЕТОТ НА АЛЧНАТА МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ ЧИНИ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДИ ДОЛАРИ ЗА КОНЦЕРТОТ ВО ЧИКАГО! Луѓето се БЕСНИ – „Собери се, не си Бијонсе!“
Цената на влезниците за претстојниот концерт на Марија Шерифовиќ во Чикаго предизвика остри реакции во јавноста, откако домашните медиуми објавија дека билетите чинат помеѓу 783 и 1.083 долари. Веста предизвика бурни коментари на социјалните мрежи, каде многумина сметаат дека цените се неприфатливо високи.
Пхото: М.М.а/АТАИмагес
„Минатото лето за Ролинг Стоунс платив трипати помалку“, „Собери се, не си Бијонсе“, „Што е ова, брате мили?“ – се само дел од коментарите на огорчените фанови, кои отворено го искажуваат своето незадоволство поради, како што велат, неоправдано високите цени.
Ова не е првпат Марија да предизвика полемики во јавноста. Неодамна таа повторно беше во фокусот поради изјавите за постарите колеги на музичката сцена. Пејачката остро ги критикуваше изведувачите постари од 60 години кои сè уште настапуваат, изјавувајќи:
„Седиш полумртов, изморен до крај. Не личиш на ништо, како да си излегол од контејнер. И седиш и пееш. Ако за сите тие години не си заработил – ајде, брат, оди убивај се.“
Таа даде и личен пример со својата мајка, Верица Шерифовиќ:
„Мајка ми Верица, даде Бог знае да пее, убаво пее. Ѝ беше многу тешко. Ѝ реков: ‘Верице, нема повеќе да пееш’. Ми одговори дека сака да има свои пари, дека не сака да зависи од мене. Сето тоа го разбирам, тоа е начин на живот, навика, влегува во крвта. Но јас ѝ реков: ‘Мајко, моите пари се во сеф, само оди, земи и живеј.’“
Овие изјави, заедно со високите цени на билетите, повторно го отворија прашањето за односот на познатите личности кон публиката и колегите, но и колку реално можат да наплаќаат за своите настапи во странство.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.