Софија Вергара откри детали за разводот: „Не сакам да бидам стара мајка, тоа не е фер за детето!“
Софија Вергара откри детали за разводот: „Не сакам да бидам стара мајка, тоа не е фер за детето!“
Познатата холивудска актерка Софија Вергара конечно одлучи да проговори за причините зад својот развод со актерот Џо Манганијело, по седум години брак. Во своето гостување во емисијата „Тодаy wитх Jенна & Фриендс“, ѕвездата од серијата Модерно семејство искрено проговори за своите чувства и ставови кои довеле до крај на нивната врска.
„Мојот брак заврши затоа што мојот сопруг беше помлад и сакаше деца, а јас повеќе не сакам да бидам стара мајка. Не мислам дека е тоа фер кон детето. Ги почитувам тие што го сакаат тоа, но јас веќе не сум таа личност“, изјави Вергара.
Што бара во иден партнер?
Софија, позната по својата духовитост, откри и каков партнер би сакала во иднина:
„Сакам некој што е висок и згоден“, рече таа низ смеа, а потоа сериозно додаде дека идниот партнер треба да има барем исто толку пари како неа – или повеќе.
„Ако нема, тоа може да се претвори во вистински кошмар“, објасни таа, додавајќи дека разликата во приходите често може да доведе до тензии во врската. „На крајот, мажот може да почне да ѝ замерува на жената која заработува повеќе.“
ЏО БАЈДЕН СО АГРЕСИВЕН РАК НА ПРОСТАТА: ШОКАНТНА ВЕСТ ЗА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД
Гласини за нова романса?
Пред неколку месеци се појавија шпекулации дека Софија е блиска со Формула 1 возачот Луис Хамилтон. Тие беа забележани заедно пред еден ресторан во Њујорк, и изгледаа како да уживаат еден со друг. Сепак, извор близок до актерката за странски медиуми изјавил дека таа смета оти разликата во години е преголема – Вергара е 12 години постара од Хамилтон.
Македонската Калифа повторно шокира! Овојпат, Моника Станојкова, контроверзната и често осудувана инфлуенсерка, го крена интернетот на нозе со ново провокативно видео кое за миг стана вирално!
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л./Извор 24седам