СЛИКА НА БОЛКА И СРАМ: ИСКРШЕНИ ФОТОГРАФИИТЕ ВО СПОМЕН НА ТРАГИЧНО ЗАГИНАТИТЕ ШТИПЈАНИ ВО КОЧАНИ! (ФОТО)
СЛИКА НА БОЛКА И СРАМ: ИСКРШЕНИ ФОТОГРАФИИТЕ ВО СПОМЕН НА ТРАГИЧНО ЗАГИНАТИТЕ ШТИПЈАНИ ВО КОЧАНИ! (ФОТО)
На Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип, граѓаните се собраа за да оддадат почит на петмината штипјани кои трагично го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Меѓу загинатите се и тројца млади, а меѓу нив и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски.
Фото: сител.мк
На плоштадот беа поставени фотографии на загинатите, но некои од нив беа намерно оштетени. Ова предизвика револт кај граѓаните, кои изразија незадоволство од ваквото однесување.
Во знак на почит, граѓаните продолжија да палат свеќи и да полагаат цвеќе на плоштадот. Учениците од СОУ „Јане Сандански“ во Штип, исто така, се собраа во училишниот двор за да му оддадат почит на својот сокласник Филип Ивановски. Со фотографии во рацете и солзи во очите, тие изразија болка и почит.
Фото: сител.мк
Градоначалникот на Штип, Иван Корданов, изрази длабоко сочувство на семејствата на загинатите и најави отворање на книга на жалост на плоштадот „Слобода“, каде граѓаните можат да остават пораки на почит.
Во меѓувреме, истрагата за пожарот во Кочани продолжува, а јавниот обвинител Љупчо Коцевски изјави дека ќе биде спроведена брзо и ефикасно, со цел да се соберат сите докази по законски пат.
Граѓаните на Штип и Кочани продолжуваат да се собираат и да изразуваат поддршка и солидарност со семејствата на загинатите, надевајќи се дека правдата ќе биде задоволена.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.