КОЈ Е ЏЕЈ ЏЕЈ, ПОБЕДНИКОТ НА ЕВРОВИЗИЈА 2025? Негова песна ја напишала СРБИНКА: „Би сакал да дојдам во Белград!“
КОЈ Е ЏЕЈ ЏЕЈ, ПОБЕДНИКОТ НА ЕВРОВИЗИЈА 2025? Негова песна ја напишала СРБИНКА: „Би сакал да дојдам во Белград!“
Дваесет и тригодишниот уметник со австриско-филипинско потекло, познат под уметничкото име Џеј Џеј, вистинско име Јоханес Пич (Jоханнес Пиетсcх), можеби им е познат и на гледачите во Велика Британија, бидејќи се појави во шоуто Тхе Воиcе во 2020 година.
Фото: JОЕ КЛАМАР / АФП / Профимедиа
Пич стигна до нокаут-фазата на натпреварувањето, каде што негов ментор беше членот на групата Блаcк Еyед Пеас, wилл.и.ам, откако го импресионираше со својата изведба на песната Тхе Соунд оф Мусиc на аудициите. Едниот родител му е Австриец и работи како ИТ-специјалист, додека другиот е од Филипините и работи како готвач.
МИА И ТИЈАНА САМИ НА ПЛАЖА ВО МАЛДИВИ – СЕ НУРНАА ВО ДЛАБОКОТО! (ВИДЕО)
Зборува повеќе јазици
Покрај германскиот, Џеј Џеј течно зборува англиски, француски, а исто така и тагалог, почитувајќи ги своите филипински корени.
Негова песна напишала позната Србинка
Победникот на Евровизија во својот тим ја има и Теодора Шпириќ, која е еден од авторите на песната, но и креативна директорка на тимот.
Теодора е родена во Виена на 12 април 2000 година, по потекло е од Србија и има и австриско и српско државјанство. На домашната публика ѝ е позната и по настапот на Песна за Евровизија 2020, кога со песната „Судњи дан“ стигна до финалето и го освои 10. место.
Џеј Џеј изјави дека една од неговите најблиски пријателки е од Лозница, и дека нејзината мајка секогаш му прави сарма, која ја обожава со кајмак.
– Тоа е толку вкусно. Ми направи и пред да заминам за Базел. Би сакал да дојдам во Белград, да го видам градот. Никогаш не сум бил – рече музичарот.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.