Џастин Бибер ги отфрли наводите за сексуално злоставување од Диди: „Никогаш не ме повредил!“
Џастин Бибер ги отфрли наводите за сексуално злоставување од Диди: „Никогаш не ме повредил!“
Откако започна судењето против раперот и поранешен музички могул Шон Комбс – Диди (55), во јавноста се проширија шпекулации дека меѓу потенцијалните жртви на сексуално злоставување може да се најде и канадската ѕвезда Џастин Бибер (31). Сепак, Бибер преку свои претставници остро ги демантираше тие наводи.
Извори блиски до пејачот за „ТМЗ“ потврдија дека „Диди никогаш, на ниту еден начин, не го злоставувал Џастин“. Во изјавата се нагласува дека, иако Бибер не е дел од групата жртви, сосема јасно е дека постојат луѓе кои биле навистина повредени од страна на Комбс.
фото:абcнеwс
„Пренасочувањето на вниманието од нивната борба кон невистинити приказни само ја поткопува правдата што тие ја бараат и заслужуваат“, се вели во реакцијата од тимот на пејачот.
Пријателството меѓу Бибер и Комбс започнало уште во раните денови од кариерата на тинејџерската поп-сензација, кога преку својот ментор Ашер (за кого, пак, ментор бил Диди), Џастин за првпат се сретнал со тогашниот моќен музички продуцент.
Во 2009 година, Бибер објави видео под наслов „48 часа со Диди“, во кое тој и Комбс се гледаат како се дружат во Њујорк. Пејачот тогаш зборуваше дека бил истовремено „исплашен и возбуден“ од нивната интеракција, која траеше со години. Но, со новите обвиненија и апсењето на Диди, Бибер се дистанцираше од него.
Судскиот процес против Шон Комбс вклучува сериозни обвинувања за сексуално злоставување, трговија со луѓе и организиран криминал. Истрагата е во тек, а јавноста со големо внимание ги следи новите информации и сведоштва.
ГАЛЕНА ГИ СОБЛЕЧЕ ГАḰИЧКИТЕ НА СРЕД НАСТАП И ПОКАЖА КАКОВ ЧОВЕК Е!
МЕГАН ФОКС СЕ ПОРОДИ! Актерката го дочека своето прво дете со Машин Ган Кели!
СУДОТ ГО ОТСТРАНИ ПАЛЧО ОД СУДНИCА ПО БАРАНJЕ НА КЕШИШЕВ!
Кристина Димитри фатена во друштво на мистериозен маж – нова љубов на повидок?
Мариjа Луиса направи ПЕНА ФЕСТИВАЛ, овоj пат домаḱинството не ì тргна од рака!
Да не се шират дезинформаcии за Горан Тонев – гитаристот на ДНК! Апел од близок роднина!
Jон Фрчкоски КОРИСТЕЛ КОКАИН НА РАБОТНОТО МЕСТО! Поднесе оставка по обвинувањата!
Приведен маж од Радовиш по насилство врз бремена жена во живо на ТикТок!
Првиот паcиент успешно се врати во Македониjа!
ФАТЕНА СО ЗАДРУГАР ВО ХОТЕЛОТ! Душиcа Jаковљевиḱ по шоуто го напушти Белград!
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!