Врховен суд ја укина пресудата за Васил Јованов за трговија со дрога – предметот се враќа на повторно одлучување!
Врховен суд ја укина пресудата за Васил Јованов за трговија со дрога – предметот се враќа на повторно одлучување!
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија ја укина правосилната пресуда против Васил Јованов за поседување и продажба на дрога, донесена од Апелациониот суд Скопје, и предметот го врати на повторно постапување. Одлуката е донесена на седница одржана на 7 мај 2025 година, а објавена на официјалната веб-страница на Врховниот суд.
Пресудата што беше укината, датира од 5 февруари годинава, кога Апелациониот суд го осуди Јованов на три години и 10 месеци затвор за поседување и трговија со марихуана и кокаин. Оваа казна претставуваше заострување на првичната мерка – воспитно-поправен дом, која му беше изречена од Основниот кривичен суд Скопје.
фото: сдк.мк
Врховен суд нареди вонредно преиспитување на пресудата за дрога на Јованов – одбраната најави жалба и за сообраќајната несреќа
Одбраната на Јованов, преку неговиот бранител – адвокат Панче Нефтенов, побарала вонредно преиспитување на претходната пресуда за трговија со дрога. Врховниот суд го прифатил барањето и донел одлука за ново разгледување на случајот.
Оваа одлука доаѓа само една недела пред Јованов да биде осуден на 12 години затвор. Тој беше прогласен за виновен за тешка сообраќајна несреќа, во која на 22 април смртно ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин во Скопје.
Случајот предизвика големо внимание во јавноста, особено поради фактот што Јованов бил на слобода поради претходната поблага казна, во моментот кога се случи фаталната несреќа.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!