МАКЕДОНИЈА ОФИЦИЈАЛНО ГО ПРИЗНАВА ММА – СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ДОМАКИН НА НАЈГОЛЕМИОТ БОРЕЧКИ СПЕКТАКЛ ДОСЕГА!
МАКЕДОНИЈА ОФИЦИЈАЛНО ГО ПРИЗНАВА ММА – СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ДОМАКИН НА НАЈГОЛЕМИОТ БОРЕЧКИ СПЕКТАКЛ ДОСЕГА!
Скопје, 13 мај 2025 – Историска пресвртница за спортот во Македонија! Министерството за спорт официјално ги призна мешаните боречки вештини (ММА) како легитимен спорт на национално ниво, со што Македонија станува четвртата земја во Европа што ја донела ваква одлука.
Фото: Приватна архива
Ова признание доаѓа како резултат на повеќегодишна посветеност, труд и импресивни резултати на македонските ММА борци и клубови. Посебно се издвојуваат имињата на клубот „Д Стронгест“, како и борците Даниела Алексовска, Ивица Алексовски и Стефан Пецевски, кои во последниве две години постигнаа исклучителни успеси на европската и светската сцена – двајца европски шампиони и бронзен медал од Светското ММА првенство.
Со оваа одлука, е и официјално формирана Македонската ММА Федерација, со претседател Ивица Алексовски – човек со над 30 години искуство во развојот на боречките спортови и една од најзначајните фигури на домашната сцена.
МАКЕДОНИЈА СЕ ПЛАСИРА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО 2026 СО ПОБЕДА НАД ЛИТВАНИЈА!
Во чест на ова ново поглавје, на 6-ти септември Скопје ќе биде домаќин на најголемиот ММА настан во историјата на земјата. Спектаклот е во организација на Македонската ММА Федерација и промотерската куќа АРММАДА, и ќе собере елитни борци од Македонија и светот.
Најавени се настапи на неколку истакнати македонски ММА имиња – Горјан „Гого“ Славески, Даниела Алексовска, Марко Трајановски и Дино Старчевич, кои ќе се борат пред домашната публика.
ВИЕНСКИОТ БАЛ ВО СКОПЈЕ: ВЕЧЕР НА ГЛАМУР, МУЗИКА И ХУМАНОСТ ВО ЧЕСТ НА КОЧАНИ! (ВИДЕО)
Дополнително, министерот за спорт Борко Ристовски и претседателот на Федерацијата Ивица Алексовски најавија специјални гости од врвот на светската ММА сцена – Александар Волкановски, Александар Ракиќ и Педи Пимблетт.
Настанот ќе се пренесува во живо на каналот „Арена Фајт“, а љубителите на боречките спортови можат да очекуваат незаборавна вечер исполнета со адреналин, техника и спортски дух.
Македонија влегува во нова ера на боречки спортови – со признанието на ММА и организирањето на меѓународен спектакл, земјата ја зацврстува својата позиција на глобалната боречка мапа!
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.