ГРЦИЈА ГО УДИРА ЏЕБОТ НА ТУРИСТИТЕ: ПОСКАП ОДМОР ЗА ОВА ЛЕТО 2025 ГОДИНА!
ГРЦИЈА ГО УДИРА ЏЕБОТ НА ТУРИСТИТЕ: ПОСКАП ОДМОР ЗА ОВА ЛЕТО 2025 ГОДИНА!
Летниот одмор во Грција оваа година ќе биде значително поскап за туристите од целиот Балкан, вклучително и Македонија. Воведени се нови туристички и еколошки давачки кои достигнуваат дури до 20 пати повисоки износи од минатото лето. Таксите ќе се наплатуваат дневно по соба и ќе зависат од категоријата и локацијата на сместувањето — од 2 до 20+ евра.
ВИЕНСКИОТ БАЛ ВО СКОПЈЕ: ВЕЧЕР НА ГЛАМУР, МУЗИКА И ХУМАНОСТ ВО ЧЕСТ НА КОЧАНИ! (ВИДЕО)
Патувањето со крстаречки бродови до популарните грчки дестинации како Миконос и Санторини ќе биде дополнително поскапо. Од ова лето, се воведува нова такса од 20 евра по лице, што ќе го зголеми вкупниот трошок на патувањето.
фото:инфотурс
Туристичките агенции најавуваат раст на цените на аранжманите. За просечен одмор во Грција ова лето, туристите ќе треба да издвојат најмалку 600 евра по лице, што е значителен раст во споредба со 2024 година.
За четиричлено семејство кое планира десетдневен одмор во хотел со средна категорија, новите давачки би можеле да додадат и до 200 евра на вкупната цена. Тоа ги става многу семејства пред дилема: дали Грција останува најисплатливата летна дестинација?
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!