ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ! ТАГА И НЕРАЗРЕШЕНИ ТРАГЕДИИ ПО СМРТТА НА НОВИНАРОТ ЗОРАН ВАСИЛЕВСКИ – ФАЦИ! (ВИДЕО)
ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ! ТАГА И НЕРАЗРЕШЕНИ ТРАГЕДИИ ПО СМРТТА НА НОВИНАРОТ ЗОРАН ВАСИЛЕВСКИ – ФАЦИ! (ВИДЕО)
Ексклузивна исповед за Хајп.мк од внукот Дарко Митровиќ
Минатата година македонската јавност ја загуби една од најпрепознатливите фигури во светот на шоу-бизнис новинарството – Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци. Почина по подолга и тешка болест, оставајќи зад себе празнина, но и богато новинарско наследство кое го обележа целиот еден медиумски период.
Фото: ХYПЕ МК
По неговата смрт, наместо мир и почит за неговата личност и дело, следуваа низа немили и вознемирувачки настани. Најпрво, јавноста беше потресена од веста дека гробот на Зоки Фаци бил осквернавен – чин што сè уште нема разрешница од надлежните институции.
Неодамна, трагедијата се продлабочи. Беа опожарени два од неговите имоти – еден во Катланово и друг во Ново Лисиче, кои по неговата смрт ги наследија неговата сестра и нејзините деца.
Фото: ХYПЕ МК
Хајп.мк ексклузивно разговараше со неговиот внук, Дарко Митровиќ, кој ја сподели болната вистина и сопственото сведоштво:
„Ова не беше несреќен случај. Ова го предизвикал мојот татко – зетот на Зоки. Станува збор за омраза и непочит кон неговото наследство. Не заслужи ваков крај, ниту неговиот мир, ниту неговите спомени.“
Дарко вели дека целото семејство е во шок, бара правда и истрага која конечно ќе донесе одговори и мир – и за живите, и за Зоки.
Следете ја целата исповед и деталите од оваа потресна приказна ексклузивно на Хајп.мк!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.