Коментар на социјална мрежа го доведе до суд: Осуден скопјанец за ширење омраза!
Коментар на социјална мрежа го доведе до суд: Осуден скопјанец за ширење омраза!
Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуда против 30-годишен жител на Скопје кој признал вина за ширење омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата преку социјалните мрежи.
Според Обвинителството, лицето било обвинето за кривично дело „Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ (член 394-г став 1 од Кривичниот законик), поради коментари под вести поврзани со организација на Парадата на гордоста во 2022 година.
фото: пихет
Во тие коментари, обвинетиот повикувал на насилство и јавно изразувал омраза кон ЛГБТИ заедницата. Пресудата била донесена врз основа на признание на вина, а обвинетиот добил условна казна затвор во траење од една година – казна која нема да се изврши доколку во следните 12 месеци не стори ново кривично дело.
Ова е една од ретките правосилни пресуди од овој вид во Македонија и, според Обвинителството, е дел од поширока заложба за доследна примена на европските стандарди за заштита од говор на омраза и дискриминација.
БОНУС ВЕСТ:
Се бара 24-годишниот Фатон Латифи од Куманово – исчезнал во непознат правец!
Бонус видео:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА JУТУБ КАНАЛОТ НА ХАЈП МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!