Се бара 24-годишниот Фатон Латифи од Куманово – исчезнал во непознат правец!
Се бара 24-годишниот Фатон Латифи од Куманово – исчезнал во непознат правец!
Куманово, 8 мај 2025 – На социјалните мрежи кружи апел за пронаоѓање на 24-годишниот Фатон Латифи од Куманово, кој според информациите од неговото семејство, оставил порака до родителите и заминал во непознат правец. Тој не се појавил на работа, што предизвика дополнителна загриженост меѓу блиските.
фото:фб/божидарбожиновски
Семејството апелира до сите граѓани кои имаат каква било информација за неговото движење или локација да се јават на следните телефонски броеви:
071-291-123
071-291-125
071-291-124
Исчезнувањето е пријавено и во надлежната полициска станица. Надлежните институции работат на пронаоѓање на младиот кумановец.
Граѓаните се повикуваат на солидарност и внимателност – секој траг или информација може да биде клучен.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА JУТУБ КАНАЛОТ НА ХАЈП МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!