Расчистено уб*ството во Шуто Оризари – уапсени сторителот и соучесникот
Расчистено уб*ството во Шуто Оризари – уапсени сторителот и соучесникот
Секторот за внатрешни работи Скопjе го расчисти вчерашното убиство што се случи околу 15 часот во скопската населба Шуто Оризари, при што животот го загуби 36-годишната Р.А. од Скопjе. Сторителот, Н.А. (38), неjзин невенчан сопруг, jа нападнал со нож за време на семеjна расправиjа, нанесуваjḱи ì смртни повреди.
пхото: мвр.гов.мк
По извршеното убиство, Н.А. се дал во бегство, но по брза интервенcиjа и спроведени мерки од страна на полиcиjата, бил уапсен на Граничниот премин Табановcе при обид да jа напушти државата.
На местото на настанот бил извршен увид во присуство на jавен обвинител и обдуcенти од Институтот за судска медиcина и криминалистика. Телото на жртвата е пренесено за обдукcиjа.
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 5 МАJ 2025 – СВЕЖО УТРО И ПРИJАТНО ПОПЛАДНЕ!
Дополнително, утврден е идентитетот на Д.С. (32), коj му помогнал на сторителот да стигне до граниcа и учествувал во сокривање на доказен материjал, вклучително и облеката што Н.А. jа носел при извршувањето на делото. Истата е пронаjдена и подигната за вештачење. Пронаjден е и ножот со коj било извршено убиството. Д.С. е лишен од слобода.
Од страна на Единиcата за насилен криминал при СВР Скопjе до Основното jавно обвинителство Скопjе е поднесена кривична приjава во итна постапка – против Н.А. за кривично дело „Убиство“, а против Д.С. за кривично дело „Помагање на сторител по извршено кривично дело“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
ГАЛЕНА ГИ СОБЛЕЧЕ ГАḰИЧКИТЕ НА СРЕД НАСТАП И ПОКАЖА КАКОВ ЧОВЕК Е!
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!