СCЕНА ОД КОJА ТЕЧАТ СОЛЗИ ДУРИ И КАJ ОНИЕ ШТО НЕ НАВИВААТ ЗА ЛИВЕРПУЛ: Како Слот му се оддолжи на Клоп
СCЕНА ОД КОJА ТЕЧАТ СОЛЗИ ДУРИ И КАJ ОНИЕ ШТО НЕ НАВИВААТ ЗА ЛИВЕРПУЛ: Како Слот му се оддолжи на Клоп
Фото: СкyСпортс
Од поодамна се знаеше исходот, но вчера и математички беше потврдено – Ливерпул е шампион на Премиер лигата. „Cрвените“ со убедлива победа над Тотенхем од 5:1 jа освоиjа своjата 20-та титула на „островот“, изедначуваjḱи се со Манчестер Jунаjтед.
Коj веруваше дека Арне Слот во своjата прва сезона ḱе го води клубот толку успешно и ḱе продолжи таму каде што застана Jирген Клоп? Па – Jирген Клоп! Колку што германскиот стратег го засака клубот во текот на деветгодишниот престоj и колку добро му посака и по неговото заминување, наjдобро се виде при неговото проштално збогување од Енфилд минатата година.
КАКО СЛОТ МУ СЕ ОДДОЛЖИ НА КЛОП
Доjде време Клоп по речиси една деcениjа да се прости со Ливерпул. Но, се погрижи да не замине без да наjде квалитетна замена. Затоа максимално го „поплочил“ патот за Арне Слот, а Холанǵанеcот вчера на прославата на титулата му се оддолжи за cелата помош. Минатата година, Клоп ги замоли навивачите да скандираат со него во чест на Слот при неговото заминување.
Така заедно му приредиjа топло добредоjде. Вчера, кога започна славjето на Енфилд, Слот не го заборави Клоп. Му се оддолжи така што самиот побара од навивачите да скандираат во чест на Jирген. Дури и ако не сте навивач на Ливерпул, мора да признаете – многу емотивна сcена коjа ретко се гледа.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!