ОТКРИЕН ПЛАНОТ НА ЗОЛА ЗА ВЛЕЗ ВО РИJАЛИТИ! Однапред jа „типувал“ Матеа – еве коj го РАЗОТКРИ!
ОТКРИЕН ПЛАНОТ НА ЗОЛА ЗА ВЛЕЗ ВО РИJАЛИТИ! Однапред jа „типувал“ Матеа – еве коj го РАЗОТКРИ!
Фото:Принтскрин:Youtube/Задруга
Матеа Станковиќ неодамна започна љубовна врска со Лазар Чолиќ – Зола. По ова, се огласи нејзината поранешна девојка, Секи.
Пред да влезе во реалити програмата, Матеа јавно се декларираше како бисексуалка. Таа изјави дека може да биде во емотивна врска и со мажи и со жени. Во нејзините изјави често зборуваше за својата голема, незаборавена љубов – поранешната девојка.
Откриен планот на Зола за влез во реалити!
Секи сподели што мисли за врската на Матеа и Зола. Таа нагласи дека има информации од Виена и тврди дека Зола ја „типувал“ Матеа уште пред да влезе во шоуто.
– Тие двајца се официјално во врска? Ги видов како заедно „испуштаат пареа“, откако тој ја восхитуваше со зборовите: „Таа е мојот најубав цвет од градината“ – рече Секи.
– Како нејзина поранешна девојка, би била среќна доколку тие двајца, како поранешни партнери на Милајана, се смират и започнат сериозна врска. Но, според моите информации од Виена, Зола однапред ја одбрал Матеа за одредени цели. Засега тоа не ветува ништо добро. Ќе видиме понатаму. Им посакувам барем едно велигденско куцкање со јајца и нека го прослават празникот во здравје – заврши Секи.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!