Две години за изгубен живот: Завршува ли овде правдата за Теодора?
Две години за изгубен живот: Завршува ли овде правдата за Теодора?
По повеḱе од година и половина од трагичниот настан, Основниот суд во Тетово го осуди Менсур Паjазити на две години затвор за сообраḱаjната несреḱа во коjа животот го загуби 22-годишната Теодора Ристевска.
Фото: неwс.уcт.аc.за/
Несреḱата се случи во септември 2022 година, кога Паjазити, управуваjḱи со возило марка БМВ, jа прегази Теодора на улиcа во Тетово. На денешното рочиште, Паjазити конечно се поjави пред судот и по читањето на обвинението, jа призна вината. Тоj беше обвинет за „Тешки дела против безбедноста на луǵето и имотот во сообраḱаjот“ – дело за кое законот предвидува затвор од една до пет години.
Овоj случаj се одолговлекуваше со месеcи. Иако првото судење започна дури во jули 2023, речиси една година по трагедиjата, во ноември истата година Паjазити беше осуден на три и пол години затвор. Меǵутоа, по поднесената жалба, Апелаcискиот суд jа намали казната на две години.
Во меǵувреме, Врховниот суд, постапуваjḱи по барањето за вонредно преиспитување, ги укина и двете претходни пресуди и го врати предметот на повторно судење. Сепак, и по новото разгледување, исходот остана ист – две години затвор.
Случаjот предизвика jавни реакcии. На едно од претходните рочишта, група млади луǵе излегоа на протест пред судот, бараjḱи правда за Теодора. Тоа рочиште, како и неколку други, беше одложено поради тврдењата дека обвинетиот е на лекување и не може да присуствува.
Оваа трагедиjа, покраj личната болка за семеjството на Теодора, повторно ги отвори прашањата околу ефикасноста на македонскиот судски систем – особено кога станува збор за сообраḱаjни несреḱи во кои страдаат млади животи. Колку навистина е строг нашиот правосуден систем кога животот е изгубен, а казната е сведена на две години?
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
HYPE МК/Д.Н.