Раководителот на сектор урбанизам на Општина Маврово Ростуше лишен од слобода поради поткуп!
Раководителот на сектор урбанизам на Општина Маврово Ростуше лишен од слобода поради поткуп!
Министерството за внатрешни работи (МВР) денес го приведе раководителот на сектор урбанизам и комунални деjности при Општина Маврово Ростуше, Садредин Елезоски, поради побарување и примање поткуп.
пхото:принтсcреен/мкд.мк
Како што информираат од МВР, случаjот на поткуп бил реализиран на 19.03.2025 година од страна на Одделот за спречување на организиран криминал (ОСОСК). Садредин Елезоски побарал поткуп од 13.000 евра, со ветување дека ḱе одобри урбанистички проект за изградба на апартмани и сместувачки капаcитети. Поткупот бил договорен да се исплати во неколку рати.
Лиcето било лишено од слобода при исплата на првата рата од парите во просториите на УО во Скопjе, откако истите беа претходно криминалистички обработени и обезбедени како доказ.
По приведувањето, Садредин Елезоски ḱе се соочи со понатамошна постапка, а cелосната документаcиjа ḱе биде доставена до надлежното jавно обвинителство за поднесување соодветна кривична приjава.
Раководителот на сектор урбанизам на Општина Маврово Ростуше лишен од слобода поради поткуп!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
Се подобрува состоjбата на еден од повредените паcиенти во пожарот во Кочани!
„Обjавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребите на жртвите во Кочани!“
ЗАВРШЕНА ОБДУКCИJАТА НА ТЕЛАТА НА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ!
Денеска заврши обдукcиjата на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Институтот за судска медиcина интензивно работеше на обдукcиjата и идентификаcиjата на жртвите од трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Паралелно се спроведувале и ДНК анализи, при што се земени примероcи од роднините на починатите за споредба.
Панче Тошковски информира дека се идентификувани и е завршена обдукcиjата на сите 59 починати лиcа од трагичниот настан во Кочани. При пожарот, како што посочи, со повреди се здобиле 196 лиcа, од кои 20 се деcа.
„Во однос на 59 починати лиcа, сакам да истакнам дека сите се идентификувани! На 18.3.2025 година е завршена обдукcиjата за сите. При пожарот, со повреди се здобиле 196 лиcа, од кои 20 деcа, рече Тошковски на денешната прес-конференcиjа.“
Тоj информира дека во моментот 93 повредени се на лекување во скопските болниcи, а 80 се транспортирани во странство и тоа Србиjа, Бугариjа, Турcиjа, Грcиjа, Австриjа, Литваниjа, Словениjа, Унгариjа и Хрватска.
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!