Силен jужен ветер, пороjни врнежи и грмежи: Временска прогноза за 11 март!
Силен jужен ветер, пороjни врнежи и грмежи: Временска прогноза за 11 март!
Под влиjание на длабок cиклонски систем што пристигнува од Атлантикот, денес (вторник, 11 март) Македониjа ḱе биде зафатена од нестабилни временски услови.
Фото: Пиxелс
Очекуваjте зголемена облачност и силен jужен ветер, коj на моменти може да достигне брзина од над 75 км/час.
Попладне, врнежите од дожд ḱе започнат од западните предели, каде што ḱе бидат наjизразени. На одредени локаcии се можни пороjни врнежи проследени со грмежи.
Поради интензивниот jужен и jугозападен ветер, во атмосферата веḱе се забележува зголемена количина на прашина и песок од Сахара, што ḱе придонесе за мачно и спарно време.
Температурите ḱе бидат невообичаено високи за овоj период. Наjголемиот дел од земjата ḱе регистрира температури околу или над 20°C, додека во Повардарието се очекува да достигнат и над 25°C.
Деjан Пауновски – Пакиграм: Поштетно е да живееш со 300 кила отколку да живееш со Оземпик!
Во Скопjе и околината ḱе преовладува слична метеоролошка слика – променливо облачно со засилен до повремено силен jужен и jугоисточен ветер. Попладне и во вечерните часови се очекуваат локални врнежи од дожд, кои на одредени места би можеле да бидат пороjни и проследени со ретки грмежи. Максималната температура ḱе се искачи до околу 25°C.
Граǵаните се советуваат да бидат претпазливи поради засилениот ветер и можните интензивни врнежи.
ИВИCА АЛЕКСОВСКИ: „НЕ Е СИМПАТИЧНО ДА JА ГЛЕДАМ ḰЕРКА МИ ВО РИНГ!“ (ВИДЕО)
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
HYPE МК/Е.Л./Извор: Метеоаларм.мк