Асенсио jа одведе Астон Вила во четвртфиналето од ФА Купот со два гола против Кардиф!
Асенсио jа одведе Астон Вила во четвртфиналето од ФА Купот со два гола против Кардиф!
Астон Вила обезбеди пласман во четвртфиналето од ФА Купот, откако вечерва славеше со 2-0 против Кардиф. Главен хероj на натпреварот беше Марко Асенсио, коj со два погодоcи jа донесе заслужената победа за тимот на Унаи Емери.
Тренерот на Вила не правеше големи тактички промени во составот, но Оли Воткинс немаше своjа вечер и во првото полувреме промаши две големи шанси.
Кардиф одговори со сериозна прилика на стартот од вториот дел, но гостите не успеаjа да jа искористат.
Казната стигна веднаш – Маркус Рашфорд одлично асистираше во шеснаесетникот, а Асенсио со преcизен удар од прва jа смести топката во мрежата. Кардиф потоа беше принуден да се отвори, што Вила го искористи за да го завери триумфот. Повторно во главна улога беше шпанскиот офанзивеc, коj со своjот втор погодок стави печат на победата.
Со оваа победа, Астон Вила продолжува со одличната форма и заслужено обезбеди место меǵу наjдобрите осум во наjстарото фудбалско натпреварување.
Асенсио jа одведе Астон Вила во четвртфиналето од ФА Купот со два гола против Кардиф!
БОНУС ВИДЕО:
БОНУС ВЕСТИ:
Македонската судиjка Анета Павловска доби бронзена значка и влезе во елитата на тенискиот спорт!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!