НЕJМАР: МОЖЕВ ВО РЕАЛ, НО САКАВ САМО ВО БАРСА!
НЕJМАР: МОЖЕВ ВО РЕАЛ, НО САКАВ САМО ВО БАРСА!
Бразилската фудбалска ѕвезда Неjмар открива дека пред трансферот во Барселона во 2013 година имал можност да потпише за Реал Мадрид, коj му понудил бланко чек, но неговото срcе секогаш било наклонето кон каталонскиот клуб.
„Реал Мадрид ми понуди бланко чек. Ми кажаа дека можам да имам се што ḱе посакам, но моето срcе ме однесе во Барселона.
Ḱе заработев трипати повеḱе пари во Реал, но jас сакав само во Барса. Флорентино Перез ме сакаше, но таму беше Роналдо, а jас сакав да играм со Меси“, изjави Неjмар.
Неjмар тогаш направи трансфер од Сантос во Барселона и стана дел од легендарното трио со Меси и Суарез, кое во наредните години освои броjни трофеи и доминираше во европскиот фудбал.
Во разговорот, Бразилеcот откри и интересна анегдота поврзана со Лионел Меси и изведувањето пенали.
„Бевме на тренинг и шутиравме пенали. Меси ме праша како тоа го правам на тоj начин? Jас му реков дека е луд, ако можам jас, секако дека може и тоj. Секако дека му дадов совет, потоа се беше полесно за него“, се потсети Неjмар.
По напуштањето на Барселона во 2017 година, Неjмар продолжи во ПСЖ, а сега повторно е дел од Сантос, клубот каде jа започна своjата професионална кариера.
Оваа негова исповед уште еднаш го потврдува огромното влиjание што Барселона и Лео Меси го имаа врз неговата кариера и одлуките кои ги носел низ годините.
БОНУС ВЕСТ:
Дончиḱ за мечот против Далас: Беше чудно, но победата jа прави сè поубаво!
Интер го елиминира Лаcио и закажа градско дерби во полуфиналето на Купот на Италиjа!
ЧИТАJТЕ ГО СЕКОJ ДЕН НАШИОТ ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛ WWW.ХYПЕТВ.МК!
ДОБИВАJТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР!
ЗАСЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ПРОФИЛИ НА ИНСТАГРАМ @ХYПЕТВ.МК И ТИКТОК @ХYПЕПРОДУCТИОН.МК!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА НАШИОТ YОУТУБЕ КАНАЛ – ХYПЕ МК ЗА НАJНОВИТЕ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!