Ливерпул го надигра Сити и чекори кон титулата!
Ливерпул го надигра Сити и чекори кон титулата!
Ливерпул уште еднаш покажа дека оваа сезона е наjсилниот тим во Премиерлигата, совладуваjḱи го Манчестер Сити со 0-2 на „Етихад“ во дербито од 27. коло. „Cрвените“ одиграа моḱен натпревар и уште во првото полувреме jа обезбедиjа победата, благодарение на одличниот тандем Мохамед Салах – Доминик Собослаи.
Собослаи беше креаторот на првиот гол во 14. минута, кога маjсторски асистираше до Салах, коj рутински погоди за 0-1. Дваjcата jа замениjа улогата во 37. минута, кога Египḱанеcот врати услуга и асистираше за унгарскиот играч, коj со преcизен удар го зголеми водството на 0-2.
Во вториот дел Ливерпул продолжи со контролата на играта и можеше да постигне уште еден гол, но ВАР го спаси Сити од подлабок пораз. „Граǵаните“ не успеаjа да наjдат решение за одличната поставеност на гостите, кои без многу проблеми jа одбраниjа своjата предност.
Со оваа победа, Ливерпул направи огромен чекор кон титулата, бидеjḱи сега има 11 бода предност пред второпласираниот Арсенал. Тимот на Арне Слот изгледа незапирливо и продолжува да гази кон шампионската круна во Англиjа!
БОНУС ВЕСТ:
ВАР го спаси Jунаjтед од пораз каj Евертон!
Еветон белскаше во првиот дел со два гола, преку Бето во 19. и Докуре во 33.минута.
На Евертон му требаше уште еден гол за да jа турне во бездната екипата на Рубен Аморим, но овоjпат Манчестер успеа да се извлече.
Дваесет минути убав фудбал, дваесет минути енергиjа, желба и труд им беа доволни на гостите да го израмнат резултатот. Изедначи Фернандеш во 72.минута од слободен удар, а од пораз Jунаjтед го спаси Угарте во 80.минута.
Среḱата на „cрвените ǵаволи“ им беше наклонета во 93.минута, кога судиjата Енди Медли jа смени своjата одлука и и го поништи пеналот што го дисуди за Евертон.
ОД КРИ*ИНАЛ ДО БОКСЕРСКА СЛАВА: КОJ Е БОКСЕРОТ КОJ УТРОВО Е ЗАС*РЕЛАН ВО БЕЛГРАД?!
Новак Ǵоковиḱ ги воодушеви домаḱините во Доха со арапскиот jазик! (ВИДЕО)
ЧИТАJТЕ ГО СЕКОJ ДЕН НАШИОТ ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛ WWW.ХYПЕТВ.МК!
ДОБИВАJТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР!
ЗАСЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ПРОФИЛИ НА ИНСТАГРАМ @ХYПЕТВ.МК И ТИКТОК @ХYПЕПРОДУCТИОН.МК!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА НАШИОТ YОУТУБЕ КАНАЛ – ХYПЕ МК ЗА НАJНОВИТЕ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!